Вработување во АрцелорМиттал
АрцелорМиттал е водечка светска компанија за челик, со годишен капацитет на производство од околу 130 милиони тони. Работиме во повеќе од 60 земји, со објекти за изработка на челик во повеќе од 20 земји и сме лидер во сите главни пазари за челик.
АрцелорМиттал Скопје е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани котури и табли, поцинкувани котури и табли и пластифицирани котури, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар.
АрцелорМиттал ЦРМ Скопје има потреба од Машински Техничар/Бравар
Клучни одговорности и задачи:
• Врши монтажа, демонтажа и поправка на хидраулични, пневматски и машински компоненти и делови и правлно ги употребува
• Врши тековни и превентивни прегледи на производните линии
• Активно учествува во отстранувањето на дефекти од машинска природа и внимава на состојбата на опремата
• Соодветно планира материјал и алатки за тековно одржување на машините
• Ги вклучува и исклучува машинските системи
• Изготвува и доставува извештаи за техничките проблеми поврзани со одржувањето до одговорниот менаџер
Потребни квалификации:
• Средно стручно образование – машинска насока
• Работно искуство од мин. 1-3 години во областа
• Основно познавање на Англиски јазик
Личен профил:
• Професионална експертиза
• Можност за работа во смени
• Почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа
Ве повикуваме да ја доставите Вашата професионална биографија - CV на следнана e-mail адреса: HR.Skopje@arcelormittal.com со назнака “Апликација за Машински техничар/Бравар“ најдоцна до 03.11.2015 година.