Водич за потрага по работа низ Европа: Франција

Водич за потрага по работа низ Европа: Франција

Подготвил: Драгана Петрушевска

Европскиот пазар на труд не е толку лесен и едноставен за соочување од страна на странските студенти. Постојат огромни разлики од земја до земја ширум цела Европа, а дури и Македонец може да наиде на потешкотии, иако се наоѓаме на истиот континент.


„International student“ објави краток водич за потрага по работа во повеќе европски земји за студентите однадвор. За почеток, го разгледавме оној за Франција. Од него може да се научи следново.

Кога се пријавувате за работа во Франција, резимето треба да биде составено на компјутер, но мотивационото писмо треба да биде напишано рачно.

Најчесто, огласите се објавуваат во весниците.

Кога станува збор за резимето, тоа треба да биде напишано во обратен хронолошки редослед (најновото искуство прво), а целиот документ треба да биде краток, најмногу две страници. Честопати, се прикачува и фотографија.

Личните детали вклучуваат: име и презиме, адреса, телефонски број, националност, граѓански статус, возраст и место на раѓање. Споменете го највисокото образование, но бидете специфични за искуството и одговорностите во претходните вработувања. Јазичните вештини треба да бидат опишани детално, а може да се додаваат и хобиња.

Во мотивационото писмо, во 15-20 редови фокусирајте се за најновите активности и дадете примери зошто сте вистинската личност за работата.

Не се вклучуваат референци и копии од дипломи, но истите треба да се донесат на интервјуто.