14 годишно момче од Сирија за рекордно време научи да зборува на норвешки

14 годишно момче од Сирија за рекордно време научи да зборува на норвешки

Подготвил: Тамара Гроздановски

норвешка

 

Јаман Кафарнави кој има само 14 години, ги воодушеви Норвежаните откако нивниот јазик го научи за само 20 дена престој во оваа скандинавска земја.


Детето гостуваше во норвешката „ТV2“, кадешто одговараше на прашањата на водителот, со доста импресивен акцент.

„Се викам Јаман. Имам 14 години. Доаѓа од Алеп во Сирија. Мислам дека норвешкиот јазик е лесен иако постојат различни букви во овој јазик“, вели момчето. После тоа момчето ја прочитало првата строфа од националната химна на оваа земја.

Фадах Аби, волонтерот кој го подучува Јаман вели дека момчето до крајот на годината одлично ќе зборува норвешки. Момчето веќе има научено голем број зборови, а моментално учи да пишува.

Инаку Јаман стигнал во Норвешка после 2 неделно патување од Сирија, патувајќи низ Турција, Грција, Македонија, Србија, Унгарија, Австрија и Германија. Во Осло моментално живее со својата мајка и помалечката сестра, додека неговиот татко се наоѓа на југот на Осло. Во иднина, момчето сака да биде лекар.