Едногодишни специјалистички студии на Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ)

Едногодишни специјалистички студии на Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ)

ЕДНОГОДИШНИ СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ОБУКИ АКРЕДИТИРАНИ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА НА Р.М., КОНТРОЛИНГ ШКОЛАТА ОД ЉУБЉАНА И RETAIL BANKING ACADEMY® ОД LONDON



Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ) - Скопје, на генералниот состанок на земјите-членки, на 25 јуни, 2014 година во Хелсинки, Финска, стана членка на Европската банкарска тренинг асоцијација од Брисел. Со добивањето на статус – придружен член во EBTN (Еuropean banking and financial services training association), на долг рок, Академијата добива право да биде единствена од Република Македонија и од регионот акредитирана за програмата „Certificate in Banking (EFCB)“. Ова значи (заклучно со 2017 година) ќе се воспостави стандардизирање на македонските банкарски работници со колегите од ЕУ и целиот свет, каде што ваквата диплома (ЕУ-сертификат) „EFCB“ има важност. 

За таа цел, Академијата за банкарство и информатичка технологија, во партнерство со членките од Европската банкарска тренинг асоцијација од Брисел и членките од „International Group of Controlling“ (Австрија), како што се: „Retail Banking Academy“ од Лондон, „World Saving & Retail Banking Institute“ од Брисeл и Школата за контролинг од Љубљана, дизајнираше едногодишни специјалистички обуки во повеќе области од банкарското работење. Имено, овој тип на обуки се акредитирани согласно процедурите на Министерството за образование и наука при Владата на Република Македонија.

Програми кои започнуваат во 2015 година, поточно во втората половина на месец Ноември, се следниве:

CERTIFIED RISK MANAGER ® (Level 1, 2 и 3)
Програмата ги опфаќа најрелевантните теми на подрачјето на управување со најзначајните категории на ризици со кои финанскиските институции се соочуваат во нивното работење (кредитниот, пазарниот, ликвидносниот, каматниот и оперативниот ризик).  Секако програмата ќе ги опфати како непомалку важни и останатите ризици (како правниот, репутацискиот, стратегискиот и ризикот од профитабилност). Посебно внимание ќе се посвети и на т.н. интегрирано управување со ризиците (ERM).

Програмата ќе даде нагласок на тековните и практичните трендови на управувањето со ризици на светско ниво прилагодени за специфичноста на работењето и предизвиците со кои се соочува македонскиот банкарски сектор. 

I уписен рок: од 26 октомври до 10 ноември, 2015 година.
II уписен рок: од 19 до 31 јануари 2016 година.

CERTIFIED COMPLIANCE SPECIALIST® (Level 1, 2 и 3)
Програмата се планира да се одвива врз база на серија предавања од областа на Compliance, со презентација на стручна литература и презентација на пракса при воспоставување на оваа функција. Во текот на студирањето ќе се направи проценка на здобиеното знаење на слушателите од овој основен модул, преку тестови и изработка на проекти – т.н. Case studies од страна на слушателите. Курсот ќе обезбеди определување на терминот Compliance и Compliance Officer, идентификување на основната улога на оваа професија во институциите, идентификување на основниот GAP помеѓу целокупната регулатива и одредени групациски стандарди. Исто така ќе обезбеди основни насоки за обезбедување на адекватно ниво на информации за идните и сегашните професионалци, со цел усогласување со барањата на домашната и странската регулатива. Целна група: вработени во банките и финансиските институции како и во останатите приватни и јавни друштва и организации кои директно или индиректно работат со усогласено работење (ново) вработени во compliance одделите, директори/раководители на сектори филијали), членови на повисок менаџмент (Види повеќе на: http://abit.edu.mk/index.php/abit-specijalizacija/skola-za-bankarstvо).

I уписен рок: од 26 октомври до 12 ноември, 2015 година.
II уписен рок: од 19 до 31 јануари 2016 година.

CERTIFIED ACCOUNTING SPECIALIST® (Level 1, 2 и 3)
Програмата ги опфаќа најрелевантните теми од областите на сметководственото практично работење и даночното законодавство. Имено, програмата ќе се одвива врз база на серија практични предавања, задачи од праксата во сметководствените комапнии/банки кај нас, како и учество на слушателите во практична работа (во лабараторија за сметководтво) со помош на софтвер за сметководствено работење врз реални компании и банки од Р.М. Понатаму, ќе се направи проценка на здобиеното знаење на студентите, преку анализа на финансиски извештаи и пресметка на аналитички коефициенти (Ratio analysis) во конкретна команија/банка земена од праксата. Во контекст на тоа, слушателот ќе ги демонстрира стекнатите вештини и разбирањето за: менаџерско, банкарско, буџетско и бизнис сметководство базирано на МСС. Програмата ќе даде нагласок на тековните и практичните трендови на сметководственото работење и даночното законодавство на светско ниво прилагодени за специфичноста на работењето и предизвиците со кои се соочува македонскиот стопански и банкарски сектор (Види повеќе на: http://abit.edu.mk/index.php/abit-specijalizacija/skola-za-smetkovodstvo-i-finansii).  

I уписен рок: од 26 октомври до 10 ноември, 2015 година.
II уписен рок: од 19 до 31 јануари 2016 година.


Програми кои започнуваат во 2016 година, поточно во втората половина на месец Февруари, се следниве:
-    (CCA) Сертифициран кредитен аналитичар;
-    (CBM) Сертифициран менаџер на филијала;
-    (CCM) Сертифициран controlling менаџер (раководена од Контролинг школата – Љубљана).   

Можности за кредитирање до 72 рати, за слушатели кои сами плаќаат за обуката!

Потрошувачки кредити е најкористен начин за купување на рати кога клиентите немаат кредитна картичка. Со овој начин може да се плати било која обука во АБИТ. Основен услов за потрошувачки кредит од било која банка е да сте вработен и да земате редовен личен доход. Може да апллицирате за кредит преку банките членки на АБИТ.

Повеќе информации на: info@abit.edu.mk
Контакт телефони: 072 25 50 57;  02 3 125 500