Одлична апликација за решавање на математички задачи за основците

Одлична апликација за решавање на математички задачи за основците

Подготвил: Тамара Гроздановски

„Bedtime Math“ создадена од непрофитабилната фондација „Bedtime Math Foundation“ комбинира одличен пристап за да го поттикне учењето кај децата - преку комбинација на детски приказни за заспивање заедно со математиката.

 

app


Едно истражување открива дека со користење на оваа апликација секојдневно, учениците ќе бидат значително подобри на часовите по математика. Оние родители кои немале доволни познавања по математика велат дека всушност тие го виделе најголемото подобрување кај нивните деца.

Апликацијата функционира на тој начин што секој ден нуди нов математички проблем. Не започнувате веднаш со собирање и одземање. Најпрво има приказна што треба да ја прочитате. Апликацијата е одлична бидејќи не нуди досадни математички задачи, и постојат силни докази дека ги подобруваат математичките вештини на децата.

 

2


Истражувањето покажа дека до крајот на училишната година, децата со родители кои не знаеле математика имале подобри резултати од децата чиишто родители биле самоуверени во нивните математички способности. Научниците се надеваат дека апликацијата ќе го промени пристапот кон учење на математиката.