Неделна временска прогноза - Какво време да очекуваме во наредните денови?

Неделна временска прогноза - Какво време да очекуваме во наредните денови?

Во Македонија понеделник студено утро, со утрински температури од -7 до 2 степени. Во текот на денот сончево и потопло. Слаб северозападен и североисточен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат од 10 до 20 степени.

Студено утро и во Скопје во утринска температура од -1 степен. Во текот на денот ќе биде сончево и потопло. Слаб северозападен ветер. Максималната дневна температура до 17 степени

Во вторник малку потопло утро, со утрински температури кои ќе се движат од -5 до 4 степени. Во текот на денот ќе биде сончево и потопло. Слаб ветер. Максималните дневни температури ќе се движат од 13 до 23 степени. Во среда сончево и топло. Слаб ветер. Утринските температури од -3 до 6 степени, а максималните дневни температури до 13 односно до 23 степени.

Сончево и топло време ќе имаме и во четврток. Утринските температури ќе се движат од -3 до 6 степени, а пак максималните дневни температури ќе достигнат до 13 односно до 23 степени.

Weather4all.com.mk