Македонката која даде отказ од работа за да им помогне на бегалците

Македонката која даде отказ од работа за да им помогне на бегалците

Подготвил: Тамара Гроздановски

Александра Давидовска даде отказ во фабриката за чевли кадешто работела, за да им помогне на бегалците на границата помеѓу Македонија и Србија, пренесува Гардијан. Таа ги пречекува бегалците навечер и чека да пристигнат возовите преполни со мигранти.

Поради недостатокот на организирана поддршка од нашите власти, таа волонтира како „информативно лице“, со што им помага на луѓето и ги упатува кон правилниот правец.