Необичните корени на австралискиот акцент

Необичните корени на австралискиот акцент

Подготвил: Драгана Петрушевска

Австралискиот јазик се создал со спој на англискиот, ирскиот, германскиот и абориџинскиот. Но, постои и уште еден значаен фактор кој играл улога во создавањето на денешната форма.


Имено, Дин Франкел, професор од Викторијанскиот универзитет во Мелбурн, смета дека појавата на австралискиот акцент е поврзана со навиката на доселениците да конзумираат алкохол.

Франкел смета дека голем број од доселениците уживале во алкохолот, па така, може да претпоставиме дека тие влијаеле на јазикот.

Франкел вели дека „нашите предци редовно се опивале заедно, а нив нивната честа вербална интеракција во пијана состојба несвесно го менувале јазикот“.

Потоа, тој говор се пренесувал од генерација на генерација.

Оваа теорија ја потврдува и тенденцијата на жителите од Австралија да ги кратат зборовите и да „голтаат“ букви, а многу од самогласките да ги претвораат во други самогласки.