Битолските средношколци излегуваат на марш

Битолските средношколци излегуваат на марш

Подготвил: Тамара Гроздановски

На 11.11.2015 година битолскиот Средношколски пленум повикува на марш за подобро образование. После реализираната средба, Средношколскиот пленум од Битола се реши за средношколски марш.

 

marsh


„Продолжуваме со борба затоа што нашите барања се' уште не се исполнети, а марш затоа што минатата школска година, борбата ја започнавме со марш - на ист начин ја започнуваме и оваа школска година, па ако не бидеме слушнати, ќе продолжиме со други активности“, известуваат од Средношколскиот пленум.

 


Пленумот ги повикува сите оние кои сакаат подобро образование и подобро општество да се приклучат во борбата бидејќи без образование нема општество.