Серија образовни работилници во организација на Американскиот Колеџ од Солун

Серија образовни работилници во организација на Американскиот Колеџ од Солун

Американскиот Колеџ од Солун (The American College of Thessaloniki ), најавува повеќе активности за средношколците од регионот и во таа насока, на 21 ноември 2015 година, во Скопје (х. Квинс, Центар Зебра) со почеток во 12:00 часот, организира две едукативни работилници за македонските средношколци.
 
Работилница на тема:

Создавање на мобилни апликации со App Inventor

App Inventor for Android (AIA) е нова алатка за визуелно програмирање развиена од Гугл со која лицата кои не се програмери по професија можат сами да создаваат едноставни апликации за мобилни телефони поддржани со Андроид софтвер.  На оваа работилница учесниците и практично ќе изработуваат апликации и ќе ги тестираат на телефоните!
Времетраење на работилницата: од 12:00 до 15:00 часот

 
Работилница на тема:

Рекламирање и промовирање преку социјалните медиуми

Научете како да бидете успешни и да ги избегнете секојдневните замки на социјалните медиуми. Овие медиуми се многу модерни, но дали се секогаш потребни? Дали вие знаете да ги користите?  
Придружете ни се на ова неверојатно патување исполнето со опасности кои доаѓаат од најновите и најмоќните трендови на рекламирањето и дознајте колку чини сето тоа. Многу компании пропаднале и многу луѓе изгубиле работни места бидејќи ги користеле социјалните медиуми без претходно да развијат точен план за тоа што сакаат да постигнат. Постојат многу социјални медиуми како Facebook, Twitter, LinkedIn, Instagram итн., но дали сите тие се наменети за секоја публика или не?

Времетраење на работилницата: од 12:00 до 15:00 часот
 
Поради ограничениот број на места, потребна е навремена регистрација за учество на следниот линк: www.act.edu/think, каде воедно, може да се добијат и повеќе информации за работилниците.