Интервју со Марија Ферро:

Интервју со Марија Ферро: "Сакајте ја својата професија. Бидете среќни кога учите"

Марија Ферро е инструктор за Циско обуки повеќе од 10 години. Работи како Координатор и инструктор на Академијата за компјутерски мрежи, во Seavus Едукативниот и развоен центар (SEDC). Има завршено електротехнички факултет, информатички смер. За оние кои не знаат, Циско е компанија број еден за производство на мрежна опрема, но и водач во креирање на нови технологии, пред се во делот на IoE (Internet of Everything). Има обучено многу студенти, но и вработени како дел од нивната стручна надградба. Сконцентрирана на мрежи, но вљубеник во знаење како мотив за опстанок. Освен работата, не би можела да преживее без книги, филмови и музика.



Каде ви е насочен во моментален професионалниот фокус?

Фокусот е секогаш Циско ориентиран, а поточно е Network Security, секако и обуките кои се голем дел од секојдневниот фокус. Поважно е фокусот да биде реализиран. А најубавата реализација се нови млади луѓе, подготвени да го градат светот.

Што ценат новите генерации кај професорите и тренерите според искуството во Seavus Едукативниот и развоен центар?

Новите генерации не се поинакви од старите генерации. Секогаш ги почитувале вистинските вредности, а тоа се искреност, разбирливост и предаденост. Несебичен професор е реткост, а уште поголема реткост е разбирлив професор, барем во техничките области. Секогаш ги слушам истите коментари. “Ништо не разбирам”. Кога секој ќе биде учител, а не професор, асистент, тренер, ќе стане јасна суштината. Дај им знење на студентите и научи ги. Во Seavus Едукативниот и развоен центар студентите се поврзани интерактивно со тренерите, и токму затоа произведуваме квалитетни кадри.

Кажете ни детали околу Циско наградата.

Наградите што ги добив од Циско се за особен допринос како инструктор, а втората која ми е подрага е за Топ женски инструктор во областа EMEA, или Европа, Среден Исток и Азија. Секогаш сум многу горда на жените во ИТ, ососбено оние кои поминале кај мене на обука. Наградите за мене и не се нешто со кое ќе се фалам, поубаво ми е кога од студентите ќе чујам дека се заслужени.

Околу настанот Girls in Tech

Се радувам дека ваква иницијатива и подршка добиваат девојките кај нас. Менталитетот на Балканот сеуште вели дека се тоа машки области. Но, според по мое искуство, кога жена ќе се определи за ваков “потфат”, таа е поупорна и попредадена од маж. Секако и поорганизирана. Не ги потценувам мажите, само сакам да кажам дека девојките се подеднакво способни да разберат и совладаат сложени концепти, како на пример компјутерски мрежи. Една од жените за која чув многу одамна во Циско, е Радја Перлман, Индијка која учествувала во изработката на најбитните протоколи како OSPF и STP. А попат пишувала и поезија на тема мрежи. Тоа е таа љубов без која не може.

Што би препорачале на студентите и публиката на Факултети.мк?

Сакајте ја својата професија. Бидете среќни кога учите. И да е тешко, со доволно упорност се постигнува успех. Игнорирајте ги оние кои ви пречат во тоа. Лоши професори ќе има како и лоши луѓе. Ама еден добар прави многу разлика. Од него ќе се продлабочи љубовта. И тој е доволен да ви го направи животот убав.