НАСА е во потрага по нови астронаути

НАСА е во потрага по нови астронаути

Подготвил: Драгана Петрушевска

Мислите дека имате сè што е потребно за да бидете добар астронаут? Тогаш потребни сте им на НАСА.


Вселенската агенција бара кандидати за астронаути кои имаат универзитетска диплома од акредитиран универзитет во областа на инженерството, биолошките науки, физичките науки или математиката. Се препорачува магистерска или докторска диплома.

Кандидатите мора да имаат и тригодишно работно искуство или најмалку 1.000 часови летање на авион. Кандидатите ги очекува долго тестирање за издржливост кое мора да го поминат.




Пријавете се ОВДЕ.