Временска прогноза: Какво време не очекува овој викенд

Временска прогноза: Какво време не очекува овој викенд

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во петок не очекува уште еден сончев и топол ден. Иако утрото повторно ќе биде студено со утрински температури од -3 до 4 степени, во текот на денот ќе биде топло со максимални дневни температури кои ќе се движат во интервал од 14 до 22 степени. Во текот на денот ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер.


СКОПЈЕ - Во Скопје по студеното утро, во текот на денот ќе биде сончево и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 0 степени, а максималната дневна температура до 17 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во наредните денови ќе продолжи стабилното време, но се очекува и благ пораст на утринските и дневните температури. Во сабота сончево со температури од 15 до 23 степени. Во недела и понеделник во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Утринските температури речиси секаде ќе бидат во позитива а максиамлните дневни ќе се движат од 15 до 24 степени.

Во вторник сончево и топло со максимални температури кои ќе достигнат до 16 односно до 24 степени.

Извор: weather4all.com.mk