Небесен спектакл - Пристигнува метеорскиот дожд Таурид

Небесен спектакл - Пристигнува метеорскиот дожд Таурид

Подготвил: Тамара Гроздановски

Метеорскиот дожд Таурид, кој го добил своето име по соѕвездието Бик (Taurus) ќе биде особено убаво оваа година.

 

метеор


Уште на првиот ноемвриски ден се видени светли топки над Полска и Бангкок, а се очекува метеорскиот дожд да трае се` до средината на месецот.

Овие метеори се специфични по тоа што се поголеми, побавни, повидливи и поразнобојни од останатите. Голем дел од нив ќе се распаднат во текот на нивното патување, но оние поголемите кои ќе влезат во атмосферата ќе бидат видливи на небото, особено во деловите во кои нема градско осветлување.

Метеорскиот дожд ќе биде највидлив на 12 ноември.