Неделна временска прогноза: Прогноза за времето во наредните 5 дена

Неделна временска прогноза: Прогноза за времето во наредните 5 дена



Во утринските часови услови за појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Слаб северозападен и североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 1 до 9 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 15 односно до 23 степени.

Во Скопје во утринските часови појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде сончево и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 5 степени, а максималната дневна до 20 степени.

Во наредните денови ќе можеме да уживаме во пролетни временски услови. Не очекува претежно сончево и топло време. Во вторник и петок претежно сончево со појава на локална облачност, утринските температури од 3 до 11 степени, а мкасималните дневни од 16 до 23 степени. Најтопло се очекува да биде во четврток кога максималните температури ќе достигнат до 18 односно до 25 степени.

Weather4all.com.mk