Оглас за вработување во Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Оглас за вработување во Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ул. Македонија бр. 38, 1000 Скопје, Република Македонија 

Врз основа на член 22 став 1 точка 1 и став 2, член 23 и член 46 став 2 од Законот за работните односи- Пречистен текст Службен весник на Република Македонија" бр. 167/1 5), Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги огласува:

ЈАВЕН ОГЛАС 

1. За вработување во стручната служба на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на следното работно место:- Ликвидатор- Соработник, во Одделението за економскофинансиски работи, Сектор за правни и економскофинансиски работи, 1 (еден) извршител, на определено време за замена на привремено отсутен работник, до неговото враќање, заклучно до 27. 05. 2016 година.

2. Покрај општите услови предвидени во Законот за работните односи, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови, и тоа:- ВСС, стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование, од областа на економијата;- најмалку 1 година работно искуство во струката;- активно познавање на англиски или француски или германски јазик;- оспособеност за работа со компјутер;- способност за работа под притисок и извршување на работни задачи со рок;- исполнителност, самоиницијативност;- чесност и лојалност;- ефективна вербална и писмена комуникација;- способност за тимска работа.

3. Дневно работно време: од 08:00/08:30 часот до 16:00/16:30 часот.

4. Неделно работно време: 40 часа.

5. Распоред на работното време: од понеделник до петок.

6. Основната нето плата за работното место за кое се бара работник, изнесува: 28. 988, 00 денари.

7. Кандидатите, треба да ги достават следните документи: мотивационо писмо; кратка биографија (C V), образецот за кратка биографија може да се преземе од веб страницата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (www.avmu.mk); диплома за завршено високо образование или уверение за положени испити; уверение за државјанство; документ/доказ за работно искуство; документ/доказ за оспособеност за работа со компјутер; документ/доказ за активно познавање на англиски или француски или германски јазик.

8. Потребната документација кандидатите ја доставуваат во оригинал или како копија заверена кај нотар. Секој од учесниците на јавниот оглас има право да достави и друга документација за сопствено презентирање.

9. Рокот за пријавување на кандидатите е заклучно со 16. 11. 2015 година. Изборот на кандидатите ќе се изврши најдоцна во рок од 30 дена, по истекот на рокот за пријавување на кандидатите. Некомплетните и ненавремено поднесените документи нема да се разгледуваат. Документите се доставуваат на адреса на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ул. Македонија бр. 38, 1000 Скопје, или во архивата на Агенцијата од 08. 00 до 16. 00 часот. Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги