Оглас за вработување во Централна кооперативна банка

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД, објавува оглас за вработување на едно лице за работна позиција 

Раководител на експозитура: Кавадарци, на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на работниот однос на неопределено време. 

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник- петок

Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, основна нето плата од 20. 000 до 40. 000 денари и можност за високи дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати.

Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации: Најмалку високо образование од областа на економските науки; Минимум 3 години релевантно работно искуство од областа на банкарството и продажба на банкарски производи. Избраниот кандидат треба да поседува: Развиени односи со деловни клиенти; Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување; Самомотивираност и способност за самостојно работење; Флексибилен и креативен приод кон луѓето и проблемите; Добри аналитички способности; Висок степен на прецизност; Креативност и способност за паралелно извршување на повеќе активности; Менаџерски вештини за координирање и управување со луѓе; Способност за работа со угврдени временски рокови; Можност и афинитети за работа на терен; Солидно познавање на англиски јазик; Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери; Возачка дозвола „Б"- категорија.

Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, Ве молиме да ја пополните online апликацијата на нашата Интернет страница www.ccbank.mk во делот „Вработување и пракса" или пратете Ваше CV и пропратно писмо на следниов mail: hr@ccbank.mk Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето, заклучно со 13. 11. 2015 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.

Само кандидатите со уредни и навремени апликации и воедно ги исполнуваатусловите во огласот, ќе бидат повикани на интервју кое ќе се одржи во просториите на Централна кооперативна банка АД Скопје. Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати. Централна кооперативна банка АД Скопје Ул. 1732 бр. 2 1000 Скопје Р. Македонија Emil: info@ccbank.mk Тел. (02) 3 249 308