Пекарата

Пекарата "Код Македонца" во Крагуевац со одлична понуда за своите клиенти

Подготвил: Тамара Гроздановски

Новата пекара „Код Македонца“ која се наоѓа во Крагуевац, Србија ги освои срцата на Крагуевчани.

 

пекара


Сопствениците и вработените во оваа пекара решиле посебно внимание да им посветат на идните мајки, па трудниците овде можат да добија еден бесплатен оброк во текот на денот по сопствен избор.

Освен стандардната програма на солени и слатки пецива, „Код Македонца“ ви препорачува да ги пробате нивните специјалитети приготвени на македонски начин, особено македонската пастрмајлија.