Синџир продавници објави најнеобичен оглас за работа

Синџир продавници објави најнеобичен оглас за работа

Подготвил: Тамара Гроздановски

sijalici 

 

Меѓународниот синџир на продавници „Tesco“, во Велика Британија објави оглас за работа во кој од своите идни вработени бара да имаат одлични вештини за отплеткување на Божиќни светилки.


Поради тоа што за божиќните празници продавниците ги украсуваат излозите со божиќни светилки, оваа година бараат некој кој ќе им помогне да ги отплеткаат божиќните светилки.

Останатите услови кои се бараат во огласот за работа од кандидатите бараат да бидат страствени кога станува збор за Божиќ и способни да отплеткаат најмалку три метри кабли за помалку од три минути. Исто така, кандидатите мораат да бидат полни со енергија и да го дадат својот максимум за да ги исполнат очекувањата на работодавецот.