Ексцентричните навики на најголемите умови

Ексцентричните навики на најголемите умови

Подготвил: Драгана Петрушевска

Генијалците се разликуваат од сите останати со причина. Тие размислуваат и се однесуваат различно. Некои навики на најпаметните луѓе во историјата се прилично ексцентрични.


За Никола Тесла се верува дека правел вежби со кои ги симулирал своите мозочни клетки. Овој генијалец одговорен за над 100 патенти ги масирал своите стапала, особено прстите на стапалата со што го релаксирал мозокот.


Од друга страна, Моцарт го делел денот на делови посветени на компонирање, давање часови, време со пријателите и спиење.


Томас Едисон имал навика да се обидува во сè и сешто, дури и доколку не е сигурен за крајниот успех. Неговото непрестајно обидување резултирало во 2.000 патенти (и 10.000 пропаднати експерименти).


Исак Њутн, пак, сметал дека гледањето во еден проблем од многу различни страни и секој проблем го реконструирал на повеќе начини.


Марк Закерберг смета дека продуктивноста се зголемува и доколку ги ограничиме секојдневните избори. Така, тој секогаш носи еден ист вид маица за да не троши време мислејќи што да облече.


Во случајот со Бенџамин Франклин, релаксацијата значела пливање во студена вода во Темза. Изложување на телото на студени температури на кратки периоди предизвикува подобра циркулација на крвта.