Прашања кои

Прашања кои "SpaceX" им ги поставува на кандидатите за практиканти

Подготвил: Тамара Гроздановски

Илон Маск е познат по неговите револуционерни потфати како „SpaceX“ и „Tesla“. Неодамна, тој и` се потсмеваше на компанијата „Apple“, нарекувајќи ја гробишта за Тесла инженери. Токму поради ова, не треба да очекувате дека праксата во неговата компанија е лесна.

 

kandidat

 

Секоја година, повеќе од 700 практиканти одат на пракса во „SpaceX“ во Хоторн, Калифорнија. Тие работат 80 работни часа и заработуваат 22 долари на час, давајќи го својот придонес во секторите како динамика, лансирање, производство и информациски системи.

За да успеат и да го поминат процесот на интервју и да станат практиканти во „SpaceX“, кандидатите треба да се соочат со навистина тешки прашања. Процесот на вработување вклучува две телефонски интервјуа кога кандидатите треба да одговорат на следните прашања.

1. „Кои се композити?“

2. „Која е големина на целиот број на 32 битен систем?“

3. „Да речеме дека имате променлива „var“ која треба да биде „2“. Што ќе се прикаже ако испечатите „var++“? Ако испечатите „++var“ во следната линија, што ќе биде прикажано? Која е крајната вредност на „var“?

4. „Што е нулти покажувач?“

5. „Ако имате голем тежок предмет кој се движи многу, многу брзо, како безбедно ќе ја намалите неговата брзина?“

6. „Како би дизајнирале електричен појас за да го заштитите од остар предмет кој паѓа одозгора?“

7. „Замислете конзолна греда фиксирана на едниот крај со маса = m и должина = l. Ако оваа греда е предмет на интертна сила и рамномерно распределен товар = W, која е должината L/4?

8. „Како би пронашле циклус во одделно-поврзана листа?“

9. „Што ќе се случи кога ќе стартувате висока струја преку парче од никел кое се допира со парче од бакар?“

10. „Едната страна на гредата е прикачена на ѕидот, а другата е слободна. Ако се примени сила, каде би се скршила гредата и што би требало да знаете за да ја утврдите силата која ќе ја скрши гредата?“

11. „Опишете го процесот на дизајнирање на серија на цевки за систем за брзо полнење на течно гориво за мотор на ракета. Треба да вклучите равенки кои би биле најсоодветни за конректен случај за пресметка на течност под притисок“.