ЕВН вработува

ЕВН вработува

EВН Македонија е компанија чија главна дејност е дистрибуција и снабдување со електрична енергија во Р. Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006-та година како дел од групацијата EVN. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени


За во одделот Високонапонски постројки потребeн е:   


СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ

Опис на работните задачи

•        Реализација на инвестициони проекти и проекти за одржување;
•        Управување со изградба на 110 и 35 кВ водови и 110/xx и 35/xx кВ трафостаници –
        проектен менаџмент;
•        Реализирање на проекти по барање на потрошувачи (опремување на ќелии во ТС на
        ЕВН, опремување на блок ќелии во ТС на потрошувач, дислокација и/или каблирање
        на 35кВ мрежа);
•        Подготовка на концепти, тендерски и технички спецификации, учество на тендери,
        рамковни договори;
•        Координирање на тимот за примарна техника, како и тимот за релејна заштита во
        насока на реализација на проектите.


Потребни квалификации и лични карактеристики

•        VII степен, Електротехничко образование;
•        Познавање и користење на MS Office, англиски јазик;
•        Исполнителност и одговорност, флексибилност;
•        Мобилност, подготвеност за патувањe;
•        Работно искуство од најмалку 2 години



Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија, на jobs@evn.mk испратете куса биографија и мотивационо писмо или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk најдоцна до 25.11.2015 година.

Вашиот успех е и наш успех, бидете дел од тимот на ЕВН Македонија!

ЕВН е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.