Времето денес и какво време да очекуваме овој викенд?

Времето денес и какво време да очекуваме овој викенд?



Во текот на ноќта четврток кон петок и во петок во утринските часови ќе има појава на магла. Во текот на денот ќе биде сончево и топло. Слаб северозападен и североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 1 до 12 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 15 до 24 степени. Воздушниот притисок ќе има вредност од околу 1027 хектопаскали.

Во Скопје во петок во утринските часови ќе има појава на слаба магла, во текот на денот ќе биде сончево и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 7 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 21 степени.

Во сабота претежно сончево со појава на локална облачност и топло. Утринските температури од 1 до 12 степени, а максималните температури од 23 до 22 степени. Во недела сончево и топло. Утринските температури од -2 до 9 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 10 односно до 19 степени. Појава на локална облачност не очекува и во понеделник. Утринските температури од -2 до 9 степени а дневните ќе се движат во интервал од 11 до 20 степени.

Weather4all.com.mk