Земјата создадена преку музиката

Земјата создадена преку музиката

Подготвил: Тамара Гроздановски

нација 

 

Можеби повеќе од било која друга земја во светот, историјата на балтичката нација на Естонија, е приказна сместена во песна.


Без разлика дали биле под германска, данска, шведска или советска окупација, Естонците долго време музиката ја користат како начин за зачувување на националниот идентитет во услови на странска доминација. Масивните музички фестивали во земјата, кои датираат од 1869 година, заедно со хор од 20.000 до 30.000 пејачи ја привлекуваат публиката која надминува 100.000 луѓе, речиси десетина од населението. Но, во последно време, Естонија се отвори и за светот, а светот ја отвори својата музичка сцена за различни влијанија со што се отвораат неколку прашања: Дали естонската музика ја губи својата суштина и ако е тоа така, дали има нешто поради кое треба да се жали или поради кое треба да се навива?

 

Во текот на советската ера, музичките фестивали во Естонија вклучиле советска пропаганда, но исто така им нуделе на Естонците можност да го прослават својот јазик и традиција. За фестивалот од 1947 година, првиот под власта на СССР, композиторот Густав Ернесакс му пркосеше на советските власти и ја изведе песната „Мy country is my love) и наскоро стана неофицијална  химна на нацијата. Музиката ја изразуваше желбата на Естонците за „самоопределување и потенцирање на тоа дека Советскиот Сојуз не успеа да ги покори Естонците“.


Во доцните 80-ти, музиката беше механизмот со кој Естонија се отцепи од Советскиот Сојуз. За време на „Распеаната револуција“, голема група на луѓе успеа да организира независност под маската на пеењето. Во јуни 1988 година, 100.000 естонци се собрале и пет ноќи пееле песни за протестите. Движењето колмунирало во Естонија постигнувајќи независност, ненасилно во 1991 година.

 

Музичкиот фестивал, кој се случува на секои пет години, се`уште привлекуваат голем број луѓе и го негуваат естонскиот национализам.


„Не мислам дека врз нас влијае традиционалната естонска фолк музика“, вели Еверт Сунџа, 32 годишниот фронтмен од рок бендот „Ewert and the two dragons“.  Тој вели дека нивниот последен албум има влијание од британската и американската музика - Стиви Вондер, Реј Чарлс, Квин, Френк Синатра и Битлсите.

За време на советската окупација на Естонија, популарната западна музика често пати била забранета и музичарите кои не сакале да се придружат кон ограничувањата обично тоа го правеле криејќи се.

Денес, домашната музичка сцена започнува да зазема форма. Само пред пед години, беше реткост некој Естонец да пее или свири надвор од земјата, па дури и во близина на Финска и Латвија. Естонската влада инвестирала во индустријата преку обезбедување грантови за перспективни уметници тие да патуваат во странство и да соработуваат со не-естонски музичари.