Како Анонимус би можеле да ја нападнат Исламската држава?

Како Анонимус би можеле да ја нападнат Исламската држава?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Француски хакери од активистичката група „Анонимус“ објавија видео на „Јутјуб“ во кој ѝ објавуваат војна на Исламската држава поради нападите во Париз. Во видеото, групата најавува глобална соработка од активисти кои ќе работат за одмаздување на смртта на 129-те невини жртви убиени за време на терористичкиот напад од петокот.



Групата изјави дека ова ќе биде најголемиот напад од нив и ги предупреди терористите да очекуваат „многу сајбер-напади“. Групата не мора да дејствува во рамките на законот, па постојат многу начини на кои може да се нападне Исламската држава. Што може да очекуваме од нив?

Хакирање профили на социјални мрежи

„News.com.au“ го наведува ова заедно со уште неколку напади за кои се претпоставува дека ќе се искористат од активистичката група во борбата против ИСИС. Ова е истиот метод кој групата го искористи во обидот за стопирање на кланот Кју Клакс.

Отстранување профили на социјални мрежи

Исламсската држава е најприсутна на социјалните мрежи од сите терористички групи. Тие дејствуваат на „Фејсбук“, „Твитер“, „Јутјуб“ и „Инстаграм“. Во февруари годинава, „Анонимус“ објавија видео во кое преземаат одговорност за бришење на 1.000 профили на членови на Исламската држава.

„Доксинг“

Овој метод се користи за истражување, а потоа јавно објавување на лични информации на целта. „Анонимус“ го практикувале овој метод и порано во случајот со кланот Кју Клакс.

ДДОС-напади

Ваквите напади се користат за оневозможување на компјутерски систем или мрежа, а веќе бил искористен од активистичката група во 2008 година.

„Гугл-бомба“

Се работи за метод со кој се менуваат резултатите во пребарувачот со зголемување на рангот на одредена интернет-страница во алгоритмот на „Гугл“. Со други зборови, „Анонимус“ би можеле да ги манипулираат резултатите во пребарувачот.