Сосема нов животен вид живее во нашиот стомак

Сосема нов животен вид живее во нашиот стомак

Подготвил: Тамара Гроздановски

bakterija 

 

Нашиот дигестивен систем е дом на чудна и прекрасна колекција на бактерии - научниците се на почеток на сфаќање на тоа како овие уникатни бактерии влијаат не само врз тоа како се вари храната, туку и потенцијално начинот на кој размислуваме и се однесуваме.


Едно ново истражување открива дека ситуацијата во нашиот стомак е дури и почудна отколку што мислевме - биолозите сугерираат дека можеби е потребно да дефинираат нов тип на животна форма за да ги опишат овие мали жители.

Тимот од Универзитетот Пјер и Марија Кири во Париз, Франција, се обидува да го редефинира начинот на кој ги класифицираме организмите кои живеат во нас. Со проучување на 86 различни генетски семејства, тие откриле ДНК секвенци кои се доволно различни за да укажуваат дека се надвор од трите форми на живот кои моментално ги препознаваме.

Тие форми се класифицирани како бактерии, археи и еукариоти. Археите некогаш биле заедно со бактериите, меѓутоа се различни во градбата и можат да предживеат во екстремни услови, додека еукариотите се однесуваат на габите, растенијата и животните.

Она што тимот од Париз, на чело со Филипе Лопез и Ерик Баптесте, го открил, создава сосема нов четврт вид кој се додава на листата, меѓутоа тие велат дека се`уште е рано да се донесуваат заклучоци бидејќи ова може да значи дека постојните видови се повеќе генетски различни отколку што мислевме.

Научниците анализирале примероци од микробиоми, добивајќи околу 230.000 ДНК секвенци кои се поврзани со познатите секвенци од тие 86 семејства на гени. Потоа тие ги искористиле секвенците како појдовна точка за втора анализа - слично на „копањето“ на вашето потекло преку користење на ДНК на вашите родители наместо сопствен водич за истражување. Ова откри дополнителни 80.000 протегања на микробиолошка ДНК која припаѓа на 86 генетски семејства.

Но, пред да се додаде четврт домен, научниците ќе треба изолираат и да ги проучат овие организми во лабораторија, што не е лесна задача. Во моментов, околу 99% о микробите не можат да се одгледуваат во лабораторија, што е една од причините зошто не знаеме за основните форми на живот.

„Овие резултати нагласуваат колку е ограничено нашето разбирање за повеќето различни елементи на микробниот свет, и е причина да поттикне подлабоко истражување на природните заедници и нивните генетски ресурси, алудирајќи на можноста дека се`уште не се откриени и се`уште не се знаат поголеми поделби на животот“, вели извештајот.

„Потребно е да видиме колку невообичаени се овие организми. Научниците пронајдоа огромна разновдиност на микробите во стомакот на човекот, такашто не очекувам да бидат нужно непријателски расположени кон различните форми на животот“, велат биолозите.