Нови уреди за самонаплата во Телеком продавниците

Нови уреди за самонаплата во Телеком продавниците

Македонски Телеком има 16 продавници со уреди за самонаплата, популарно наречени SST терминали Корисниците можаат брзо и лесно да платат сметки за фиксни или мобилни услуги, но и да надополнат ваучер за мобилен телефон



Македонски Телеком ја прошири својата продажна мрежа во која се инсталирани уреди за самонаплата на сметките за телекомуникациски услуги. Поставени се нови уреди за самонаплата во шест Телеком продавници и тоа во Ченто, Чаир, Струга, Куманово, Тетово и во Кочани. Па така, во моментот компанијата има 16 продавници ширум Република Македонија, во коишто се поставени уреди за самонаплата, популарно наречени SST терминали.

Со овие уреди, Македонски Телеком на корисниците им овозможува иновативен, но  пред сè поедноставен начин на подмирување на обврските. Преку терминалите, корисниците можаат брзо и лесно да ги платат сметките за фиксни или мобилни услуги, но и да надополнат ваучер за мобилен телефон. Дополнително, со инсталирање на уредите за самонаплата на сметките, значително се намалува времето на чекање во Телеком продавниците.

Плаќањето се врши во готово, но за првпат во поширокиот балкански регион на терминалите е воведено и безготовинско плаќање со помош на платежни картички, како и плаќање со MobiPay услугата на Македонски Телеком. Уредите за самонаплата се инсталирани од регионалиот систем интегратор COMBIS од Хрватска.