Оглас за хонорарна работа

Оглас за хонорарна работа

Маркетинг агенција што редовно спроведува истражувања на пазарот на најразлични теми има потреба од ангажирање на анкетари од Скопје и останатите градови на Македонија што ќе вршат анкети на терен.

 

Бараме соработници што ќе имаат сериозен и одговорен пристап кон работата, што се спремни да жртвуваат дел од своето слободно време и ќе бидат исполнителни во поглед на зададените рокови и упатства.

 

Нудиме работа во сериозна компанија со богато истражувачко искуство во која можете да стекнете искуство и работни принципи кои би Ви користеле во понатамошниот професионален развој.

 

Висината на Вашиот хонорар зависи исклучиво од Вашиот ангажман. Плаќањето се врши по учинок (број на правилно пополнети анкети) додека цената на една анкета зависи од нејзината обемност и комплексност. Колку повеќе се залагате, толку поголем број на анкети ќе завршите и Вашиот хонорар ќе биде повисок.

 

Доколку сте заинтересирани, пополнете ја апликацијата на следниов линк