Оглас за вработување во Систина Офталмологија... Отворени се 4 работни места

Оглас за вработување во Систина Офталмологија... Отворени се 4 работни места

“Систина Офталмологија“ е најголемата и најмодерна приватна болница во регионот и е пример за успешна приказна во здравствениот сектор со медицински услуги според најсовремените протоколи во лекувањето на пациентите. Врвниот медицински тим користејќи современи методи и техники им стои на располагање на пациентите 24 часа во денот, 7 дена во неделата. Поради проширување на својот тим, Систина Офталмологија објавува оглас за вработување на : 

ДОКТОРКИ 
(2 Извршители) 

Потребни квалификации:
Последна година на студии, или веќе завршен Медицински Факултет
Постигнат просек над 8
Добро познавање на англиски јазик
Интерес за специјализација по офталмологија

Профил на личност:

Организираност и одговорност
Одлични комуникациски вештини
Професионалионален и љубезен однос кон клиентите
Лојалност, самоиницијативност, темелност, енергичност

АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК
(2 Извршители)

Одговорности и работни задачи:
Водење на општи административни деловодни работи,
Обезбедување на административна, техничка и логистичка поддршка,
Водење на дневни, неделни и месечни извештаи,
Прием и проследување на повици, проследување на документи,
Прием и пречекување на странки,
Деловна коресподенција.

Потребни квалификации:
Завршено средно стручно образование,
Работно искуство во водење на административни работи од минимум 5 години,
Активно познавање на англиски јазик (усна и писмена комуникација),
Познавање на албански и турски јазик е предност,
Развиени компјутерски вештини и познавање на MS Office програмите.

Личен профил:
Одлични организациски вештини и способност за одредување приоритет,
Самоиницијативен, снаодлив и тимски работник,
Одлични комуникациски и презентациски вештини,
Аналитички способности, упорни и енергични,
Амбициозност и мотивираност, со желба за континуирана надградба,
Професионален и позитивен однос,
Љубезност, учтивост и хуманост,
Способност за самостојна и тимска работа, и работа под притисок.

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) со Ваша слика, на следната email адреса: contact@sistinaoftalmologija.mk, со задолжителна назнака “За оглас за Доктор” или "За оглас за административен работник".


Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

За здравјето, најважни се знаењето и искуството бидејќи ЗА ЖИВОТОТ СЕ РАБОТИ!