Македонска едукативна игра која ќе ве освои од прва

Македонска едукативна игра која ќе ве освои од прва



Умко.мк е едукативна игра за деца од предучилишна возраст и прво одделение на македонски јазик. Децата од 4-7 години низ игра и забава ќе се стекнат со основните знаења за букви, бројки, бои, релации, логика, низи, боење, величини, мапи, сложувалки…

Умко.мк е збир од 36 тематски едукативни игри. Прашањата со прекрасни илустрации се претставени текстуално и звучно. Децата го „влечат“ или посочуваат одговорот на екранот на мобилниот телефон. Децата можат да играат сами или со своите родители, дома или на патување во автомобил. Сите прашања и одговори ги поставува пријатен глас, кој им дава упатства и им помага на децата да ги решат бројните задачи.