Македонскиот Економски Самит отвори нови видици и дискусии за понатамошен напредок и развој на бизнис секторот

Македонскиот Економски Самит отвори нови видици и дискусии за понатамошен напредок и развој на бизнис секторот

По осум интерактивни, инспиративни и информативни панел дискусии, денес заврши Македонскиот Економски Самит. Скопје се покажа како одличен домаќин на голем број врвни експерти што ги поттикнаа присутните професионалци да размислуваат во поглед на новите можности. Учесниците сметаат дека во Македонија е потребно знаењето да кружи и да стигне до што поголем број луѓе, независно дали станува збор за јавната администрација, приватниот и академскиот сектор.



Поранешниот Премиер на Грузија, г. Ника Гилаури и програмскиот Директор на Пацифик Институт Џим Дан, покажаа дека е возможно да се оствари конструктивна трансформација на компании, поединци, но и на цели земји. Од оваа појдовна точка дискусијата продолжи кон мобилната технологија, менаџментот, подобрување на компетитивноста на земјата и преземање стратешки цели во развојот. Впечатлив момент на настанот беше енергичниот говор на Томи Т. Ахонен кој ги спореди трендовите во мобилната технологија што се развиваат сега и посочи на трендот што ќе привлече најмногу внимание и најмногу инвестициски капитал.

„На самитот присуствуваа повеќе од 250 претставници на домашни и странски компании. Голем дел од нив фаќаа прибелешки од говорите на експертите. Тоа ни покажува дека луѓето се заинтересирани да ги преземат работите во свои раце, да не оставаат сè на веројатностите и секако, да започнат нешто ново во Македонија што ќе биде конкурентно како извозен елемент“, изјави ко-основачот на Македонија2025, господинот Мајк Зафировски. „Добро е тоа што имаше и конструктивна забелешки за нештата што мораат да се променат во Македонија и добро е што за тоа зборуваме“, додаде Зафировски.



Професорот Хери Крејмер од Школото за менаџмент Келог, кој е поранешен извршен директор и ментор на сегашни извршни директори, зборуваше за тоа како да се биде лидер во вистинска смисла за зборот, односно за лидерство базирано на вистински вредности.

Организаторот истакна дека на самитот професионалната дијаспора покажа голем интерес да придонесе во трансформативниот процес на Македонија. Македонија2025 се заблагодарува на сите иновативни и проактивни професионалци кои беа дел од настанот и продолжува да се фокусира на извршување на својата мисија.  напредок и развој на бизнис секторот