Прв пат во историјата снимено формирање на планета

Прв пат во историјата снимено формирање на планета

Подготвил: Тамара Гроздановски

Човекот за прв пат беше сведок на процесот на формирање на една планета, околу ѕвезди оддалечени 450 светлосни години од Земјата.

 

формирање


Меѓународниот тим на научници го следел процесот на формирање на планети, кој се случува со насобирање на прашина и гас во вселената, кои се компресираат за да се формира нов космички предмет, во овој случај - планета.

Научниците досега вкупно пронашле 1.900 планети надвор од Сончевиот систем, но ова е прв пат тие да пронајдат егзопланета во процес на настанување.

Ѕвездата ЛкЦа, кој се наоѓа на 450 светлосни години оддалечени од Земјата, околу себе има диск од прашина и гас. Оваа аномалија кажува тека од неа нешто ќе настане. Научниците претпоставуваат дека тоа е процесот на формирање на планети.

„Ова е прв пат да направиме фотографии од планета која е се`уште во процес на формирање“, вели професорот Питер Тутхил од Универзитетот во Сиднеј. „Проблемот досега беше во тоа што кога имате индиректни докази, тогаш секогаш постои алтернативно објаснување кое може соодветно да ги објасни добиените податоци“, додава тој.

Откритието е направено со помош на опсерваторијата Large Binocular Telescope која е специјално дизајнирана за пронајдоци од овој вид, а посебноста на оваа опсерваторијата е во тоа што на научниците и овозможуваат значително поширока слика.