Ромаверзитас објави повик за тутори и туторство за академската 2015/2016 година

Ромаверзитас објави повик за тутори и туторство за академската 2015/2016 година

Здружението на граѓани "Ромаверзитас" овозможува дополнителна академска подршка во процесот на учење на средношколците и студирање на студентите со цел успешна транзиција од една во друга учебна и академска година, развивање на дополнителни професионални вештини, навремено дипломирање и вклучување во општествените текови.

Во рамки на проектот “Ромаверзитас - академска и друга подршка за Ромските средношколци и студенти во Македонија“ има компонента Туторство.

Туторството е дополнителна академска туторска помош за студентите Роми преку индивидуални часови на туторот и студентот за одреден/и предмети.

Целта на туторството е поуспешно совладување на наставните содржини и зголемување на можностите за успешно подготвување и полагање на одреден/и предмети/испити.

Студентите Роми имаат можност да користат максимум 40 туторски часа во текот на една академска година, максимум за еден академски предмет може да се користат 15 туторски часа во текот на академската 2015/2016 година.

Објавени се:

Повик за туторство во академската 2015/2016 година
Повик за тутори во академската 2015/2016 година