ЕЛЕМ вработува... Основна плата 34.752,00 денари

ЕЛЕМ вработува... Основна плата 34.752,00 денари

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односипречистен текст (Службен весник на Р. М. бр. 167/20 15 и член 5, 7, 8 и 9 од Колективниот договор на АД Електрани на Македонија, во државна сопственост Скопје, a во врска со Одлуката за потреба од засновање на работен однос бр. 047224/1 од 20. 11 2015 година

АД ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА - СКОПЈЕ
објавува
ЈАВЕН ОГЛАС

За потреба од засновање на работен однос во Дирекција на АД ЕЛЕМ Скопје, за извршување на работи на неопределено време, за следното работно место:

- 1 (еден) извршител на работно место .Технички соработник„, во Сектор за производство на електрична енергија.

Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови: VII степен, Високо образование, 1 година работно искуство. Паричниот износ на основната плата е 34. 752 денари.

Работната недела трае 5 работни дена, од понеделник до петок. Полното работно време на работникот изнесува 40 часа неделно, a во текот на работниот ден ќе трае 8 часа и тоа со почеток од 07:30 / 08:00 часот до 15:30 / 16:00 часот. Огласот трае пет работни дена од денот на огласувањето.


Со пријавата (своерачна пријава) во која се наведува за кое работно место се конкурира, кандидатите да достават:
- Доказ за завршено образование (оригинал или копија заверена на нотар);
- Доказ за работно искуство (листа од ПИОМ);
- Уверение за државјанство (копија);
- Кратка биографија на македонски јазик;
- Контакт телвфон.

Некомплетните и ненавремено доставени пријави нема да се земат во предвид при разгледувањето. Изборот ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот на пријавување.

Пријавата со потребните документи, од која се гледа дека кандидатот ги исполнува општите и посебните услови, да се достават на адреса:
АД Електрани на Македонија Скопје, Дирекција
ул. 1 1 Октомври, бр. 9, Скопје (со ознака "за јавен оглас")