Оглас за вработување во Ван Хол
Ван Хоол Македонија, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, има потреба од новo вработување за следнава позиција:
АДМИНИСТРАТОР ЗА ЦАРИНА И ЛОГИСТИКА
Потребни квалификации:
ВСС, Факултет за царина и шпедиција;
Претходно работно искуство во производна средина од најмалку 3 години;
Активно познавање и користење на софтверот за облагородување (loan system);
Способност за работа во динамична работна средина, под притисок и во кратки рокови;
Познавање на англиски јазик – напредно ниво (чита, пишува, говори);
Познавање на софтверот DCK Data ке се смета за предност
Работни задачи и одговорности:
Основен оперативен контакт со шпедитерот;
Организирање на транспорт за увоз на материјали;
Остварување контакт со добавувачите за организирање на транспортот;
Организирање на транспорт за извоз на готовиот производ;
Следење на транспортот;
Следење на трошоците за транспорт;
Изработка на документи за евиденција на увозот и извозот;
Подготовка и поднесување на барање за издавање на регистарски таблички;
Доколку сте заинтересирани испратете ја вашата работна биографија (CV) на англиски јазик на следнава e-mail адреса:
jobs.mk@vanhool.be
Ве молиме Вашето CV да биде испратено со назнака во Subject: насловот на позицијата за која аплицирате, во спротивно Вашата апликација нема да биде разгледана.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.
Краен рок за доставување на апликациите: 01/12/2015