Лесни начини да станете утринска личност

Лесни начини да станете утринска личност

Подготвил: Драгана Петрушевска

Успешните претприемачи и бизнисмени стануваат пред заоѓањето на сонцето. Можеби тоа нема никаква врска со нивниот успех, но експертите тврдат дека продуктивноста е поголема кога се станува рано. „Business insider“ направи краток водич за сите оние кои ги мразат утрата. Тие советуваат:


Започнете вечерта

Доколку не спиете квалитетно, мотивацијата и енергијата за станување наутро ќе исчезне уште побргу наутро. За да добиете квалитетен сон може да го намалите конзумирањето кофеин во текот на денот, да не користите електронски уреди пред спиење (чија сина светлина е штетна за сонот) или да читате книга, како што тоа го прави Бил Гејтс.

Заклучете зошто ова е битно за вас

Тешко е да се направи било каква промена без прво да се знае зошто таа промена е битна. Кога ќе знаете зошто сакате да станувате рано, ќе откриете дека промената може да се направи многу полесно.

Не притискајте „snooze“

Колкупати ја користите оваа опција секое утро? Можеби ви изгледа дека неколку дополнителни минути сон се позитивни, се случува спротивното. Притискањето на оваа опција ве прави уморни и го пореметува циклусот на спиење. Како да се одлободите од оваа навика? Телефонот оставете го далеку од креветот, за да мора да станете за да го исклучите алармот.


Постепено менувајте ја рутината

Работете на мали промени кои може да ги зголемувате постепено. На пример, доколку обично се будите околу 9 часот, следниот ден поставете го алармот во 8:45 или 8:30, а кога тоа повеќе нема да биде предизвик, алармот поставете го на 8:00, итн.

Одберете утрински активности во кои уживате

Доколку имате утринска рутина полна со активности кои навистина ви се допаѓаат, тие активности ќе направат да се чувствувате добро и ќе ви бидат мотивација за будење. Медитација, пишување утрински дневник или правење листа на активности може да бидат некои такви активности.