Отворени работни места во СЕТ Компјутери

Отворени работни места во СЕТ Компјутери

Сет Компјутери има потреба од Продукт Менаџер за IT. Идеалниот кандидат треба да има добро познавање од Microsoft Office пакетот, како и да ги следи трендовите во технологијата и да поседува возачка дозвола за Б категорија. Почетна плата:17000 ден. Се молат кандидатите своето писмо со намери и CV да го пратат на vrabotuvanje@set.mk Ве молиме без телефонски јавувања.


Сет Компјутери - Скопје, има потреба од вработување на магационер. Кандидатите треба да ги поседуваат следниве особини и квалификации: Минимум ССП Добро познавање на англискиот јазик Амбициозни и комуникативни личности, Претходно искуство во магацинско работење ќе се смета за плус. Почетна плата од 16.000 денари. Ако се сметате за вистинска личност да работите во динамична средина вашето CV и писмо со намери ве молиме да го испратите на: vrabotuvanje@set.mk Напомена: нагласете "За магационер" Ве молиме без телефонски јавувања.

Сет Компјутери (Големопродажба) има потреба од вработување на 1 (еден) продажен менаџер од областа на IT/TV. Кандидатите треба да ги поседуваат следниве особини и квалификации: Минимум ССП, Добро познавање на англискиот јазик, Microsoft Office пакетот, Амбициозни и комуникативни личности со желба да работат во динамична средина полна со предизвици. Како предност ќе се смета претходно работно искуство во продажба на компјутерска опрема. Потребно е кандидатите да имаат активно познавање и следење на светските трендови и новости во светот на IT и TV. Почетна плата за работната позиција е 16.000 денари. Ако се сметате за вистинска личност да работите во динамична средина вашето CV и писмо со намери ве молиме да го испратите на: vrabotuvanje@set.com.mk. Ве молиме без телефонски јавувања.