Петдневна временска прогноза... Какво време да очекуваме во наредниот период?

Петдневна временска прогноза... Какво време да очекуваме во наредниот период?



Во Македонија во утринските и претпладневните часови ќе биде умерено облачно, попладне зголемување на облачноста и нестабилно со слаби врнежи од дожд. Ќе дува доумерен југозападен и југоисточен ветер кој може да достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од 2 до 10 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 8 односно до 17 степени.

Во Скоје во вторник ќе биде облачно со врнежи од дожд и посвежо. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 7 степени, а максималната дневна до 14 степени.

Во Македонија во среда облачно со врнежи од дожд, а пообилни ќе бидат во јужните и југоисточните предели. Дневните температури од 6 до 15 степени. Во четврток умерено облачно со врнежи од дожд, над 1500 метри со врнежи од снег. Максималните дневни температури од 5 до 14 степени. Во петок облачно со врнежи од дожд и посвежо со пад на дневните температури, а во сабота ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Дневните температури од 4 до 13 степени.

Weather4all.com.mk