Студените избраа - Еве кои се најдобрите професори во Македонија

Студените избраа - Еве кои се најдобрите професори во Македонија

Подготвил: Антонија Поповска Христов / antonija@fakulteti.mk

Кој е најдобриот професор кој ви предава? Ова прашање во анкета им го поставивме на македонските студенти, кои имаа една недела да ни одговорат. При изборот, студентите требаше да го земат предвид следново – дали професорот редовно и навремено ја одржува наставата, дали поседува добри комуникациски вештини, дали создава убава атмосфера за работа, како и дали професорот се однесува кон студентот коректно и со почит.

Имајќи го предвид сето ова, во анкетата во која учествуваа вкупно 1.760 лица, убедливо најмногу гласови освои професорот Таки Фити од Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”.

Еве ги десетмината најдобри професори во Македонија, според бројот на гласови:

1. Проф. д-р Таки Фити, Економски факултет
2. Проф. д-р Димитар Гелев, Правен факултет „Јустинијан Први”
3. Проф. д-р Венко Андоновски, Филолошки факултет „Блаже Конески”
4. Проф. д-р Рубин Гулабоски, Meдицински факултет УГД
5. Проф. д-р Бобек Шуклев, Економски факултет
6. Проф. д-р Ана Фрицханд, Филозофски факултет
7. Проф. д-р Ѓорѓи Маџаров, ФИНКИ
8. Проф. д-р Зоран Анчевски Филолошки факултет „Блаже Конески”
9. Проф. д-р Ненад Марковиќ, Правен факултет „Јустинијан Први”
10. Проф. д-р. Тони Јаневски, ФЕИТ и Проф. д-р Иван Чорбев, ФИНКИ


   
Во анкетата имаше уште едно незадолжително прашање, Зошто го одбирате токму тој професор. Еве некои од одговорите за проф. Taки Фити: „Предавањата се за уживање, а не за напрегање,”, „Успева да стиши амфитеатар со 1.200 студенти и сите да го слушаат без тој да зборува на микрофон”, „Тој е коректен професор со искуство и со огромно знаење кое соодветно умее да го пренесе на студентите”.



Втор на листата на најдобри професори е проф. д-р Димитар Гелев од Правен факултет, за кој анкетираните напишаа: „Реален е и секогаш е тука за студентите”, „Најдобар е затоа што точно и навремено одговара на обврските на студентот и секогаш излегува во пресрет”.



За професорот Венко Андоновски анкетираните велат: „Начинот на кој предава и начинот на кој се однесува е поинаков од оној на другите”, „Забавен е и креативен, подготвен да одговори на сите прашања”, „Тоа е професор кој користи најпродуктивни мнетоди на предавање”.

Проф. д-р Рубин Гулабоски пак, деканот на Факултетот за медицински науки при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип, е на четврто место во Македонија според резултатите од анкетата. Анкетираните за него рекле: „Редовно ги одржува предавањата, тие беа интересни и направи да ја засакам хемијата иако претходно ја мразев. Исклучително е добар како професор а пред се` како личност, кон студентите има секогаш пријателски однос. Ништо од ова не се промени откако стана декан”.

Одлични професори има на сите универизтети

На листата во одговори се наоѓаат имиња и презимиња на професори речиси од сите приватни и државни високообразовни институции во државата. Има многумина кои се споменати неколкупати. Не е мал бројот на професори кои добиле само по еден или неколку гласови.