Голем интерес кај младите во Македонија за образование и работно искуство во земјите од ЕУ
Едукација, стекнување на интернационални работни искуства,
волонтерство и подобрување на менаџерските компетенции во земјите од Европската
унија, се главните теми на интерес на младите од Македонија. Начинот и можностите како
да се зголеми квалитетот и соработката меѓу младите од Македонија и оние од земјите од
ЕУ е главна тема на ATOQ семинарот, што од 24-ти до 29-ти ноември 2015 се одржува во
Скопје.
Тренингот е во организација на Националната агенција за европски образовни програми и
мобилност, во соработка со националните агненции од Унгарија и Турција, како и Салто
центарот на ЈИЕ. На семинарот учествуваат младински работници и млади луѓе кои биле
дел од тимови за организација или работеле како лидери на групи во најмалку една
младинска размена и доаѓаат од различни страни од светот: Турција, Велика Британија,
Финска, Холандија, Литванија, Унгарија, Полска, Белгија, Италија, Шпанија, Естонија,
Бугарија, Босна и Херцеговина и Македонија.
Тренинг курсот има за цел да се зголеми квалитетот на младинските размени. Базиран на
претходни искуства, меѓународна група на младински работници и лидери ќе се фокусира
на квалитетот и подобрување на менаџерските компетенции, со што ќе се придонесе за
подигнување на квалитетот на мобилноста во програмата Еразмус плус.
Овој напреден тренинг е дел од Еразмус плус програмата во чии рамки се организираат
низа активности во повеќе градови во Република Македонија во насока на што поголемо
промовирање на можностите и програмите за доедукација, волонтерска работа и
стекнување практични работни искуства во земјите од Европската Унија.
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во чии рамки се
одвиваат активностите на Еразмус плус програмата, годинава обезбеди 4,7 милиони евра
за аплицирање на едукативни програми во земјите од ЕУ. Конкурсот за пријавување е во
тек.