Идеални самостојни професии

Идеални самостојни професии

Подготвил: Тамара Гроздановски

Која работа да ја работите, неизбежно доаѓате во контакт со луѓето, меѓутоа постојат и професии кои овозможуваат минимална комуникација со нив.

 

profeisja


Доколку ваква работа ви одговара, тогаш следниве професии се идеални за вас.

Професии кои се поврзуваат со животни -
сточарство, пчеларство, лов и риболов - Постојат професии во кои се одгледуваат животните и кои последниве години започнуваат да се промовираат. Сигурно сте слушнале за млади и образовни луѓе кои ја напуштаат градската гужва и одат на село да одгледуваат животни.

Земјоделие - Одгледувањето лешници и ореви може да биде прилично профитабилна работа. Но, земјоделието опфаќа одгледување на различни култури и ни малку не е лесно. Сигурно нема на луѓето да им предизвика стрес, меѓутоа земјоделците зависат од многу фактори врз кои не можат да влијаат.

Економисти, книговодители - Во овие професии почесто доаѓате во контакт со калкулатори, пари, сметки, отколку со луѓе. Овие луѓе спроведуваат истражувања, прават извешати и работат на сметки. На кратко - броевите и плановите им се во прв план.

Програмери - Како што и самите знаете, повеќето програмери можат подобро да се снајдат во светот на компјутерите отколку во друштво. Постојат предрасуди дека програмерите се асоцијални и дека со нив тешко се комуницира. Во секој случај, ако сакате јасни процедури, а со компјутерот владеете совршено, тогаш ова е вистинската професија за вас.

Писател - Многу писатели додека работат на некое свое дело, се изолираат по неколку недели па и месеци од социјален живот. Иако контактот со луѓето како и односот со другите е важен за создавање на некое дело во глвата, кај самото креирање важно е писателот да се сконцентрира и да го „отстрани“ она што му го одвлекува вниманието.

Рачна изработка - Шиењето, кроењето, правењето накит за продажба или изложба. Во овие професии луѓето доаѓаат во контакт со луѓето, но не толку често колку со иглите, петлиците и сличните материјали.

Овој вид на работа воглавно не бара контакт. Ако сакате да бидете сами во текот на работењето, ова е идеална професија за вас.