Национални јадења ширум Европа кои мора да ги пробате

Национални јадења ширум Европа кои мора да ги пробате

Подготвил: Тамара Гроздановски

Кога сте на патување, штета е да одите во ресторани за брза храна или слични места покрај толку многу локални кујни. Ви донесуваме препораки кои национални специјалитети треба да ги пробате на европскиот континент.

 

1


Австрија

Нема преголема филозофија. Ако сакате да јадете вистинско австриско јадење, тогаш порачајте виенска шницла. Станува збор за поховано телешко месо, а со него обично во прилог одат компири или ориз.

 

5


Белгија

„Moules-frities“ - станува збор за школки кои можат да бидат приготвени на различни начини, а се сервираат со крцкав помфрит.

Данска

Јадењето кое треба да го порачате во земјата на Лего коцките се вика „Ollebrod“. Станува збор за супа од леб и пиво која често се служи со шлаг, па повеќе се чини како десерт иако се служи како главно јадење.

Англија

Заборавете на риба и чипс. Печеното говедско месо и Јоркширскиот пудинг се англиско национално јадење кои одат во пакет.

 

3


Франција

„Pot au feu“ е името на француското национално јадење. Станува збор за телешки стек кој обично се подготвува во зима, а со него се служат морков, целер, ориз.

Германија

Германците како Германци, може да имаат многу национални јадења, меѓутоа најпознато национално јадење се колбасите, односно „Currywurst“. Овие колбас обично се служат во кари сос и кечап, и секако помфрит.

Грција


Нормално, се знае дека во Грција националното јадење е гирото. Станува збор за најчесто мешано месо, а се подготвува слично како турскиот кебап.Обично се јаде со домати, кромид и разни сосови, а Грците велат дека се најдоброто јадење во северниот дел на земјата.

Холандија

Холанѓаните се горди на нивниот харинг - филе послужено во леб со кој одат вино, шеќер, билки и зачини.

Унгарија

Унгарците се вистински мајстори за приготвување на гулаш, кое е исто така нивно национално јадење. Разновидното месо, кромидот, пиперката, доматот и компирите се вообичаени состојки на гулашот.

 

2


Италија


Најпопуларната храна во светот, пицата, настанала во јужниот дел на Италија, поточно во Неапол. За пицата горе-долу знаете се па нема потреба многу да се образложува.

Норвешка

Јадењето „Rakfisk“ - пастрмка која неколку месеци седела во сол и ферментирала. После тоа се послужува и се јаде без готвење, често со лук.

Полска

Супата наречена „Zur“, е навистина превкусна храна. Оваа супа е направена од 'ржано брашно со бели колбаси и тврдо варени јајца, и сето тоа се служи во леб.

Португалија


„Francesinha“ е португалски сендвич направен од леб, шунка, колбаси и стекови, покриени во топено сирење и послужен со сос од домати.

Русија

Русија во студените месеци ја јадат својата супа „Borsc“ која се прави од цвекло и често се служи студена, и оди со вотка.

Словенија


Главното јадење на Словаците е крањскиот колбас. По правило се прави од свинско месо, црн пипер, сол, лук и вода, такашто всушност станува за едноставно јадење.

Шпанија

Националното јадење во Шпанија е шунка со која Шпанците и тоа како се гордеат, а ќе го пронајдете во секоја продавница.

 

5


Македонија


Нашата национална кујна изобилува со голем број јадења, меѓутоа најпознато јадење е тавче-гравче.