Оглас за вработување во  Комора на проценувачи

Оглас за вработување во Комора на проценувачи

Врз основа на Одлуката на Управниот одбор на Комора на проценувачи се распишува: ОГЛАС

1. Сметководител

Услови:
-дипломиран економист
-уверение за сметководител/овластен сметководител
-познавање на сметководствено работење на непрофитни организации
-работно искуство од минимум 3 години

Работни задачи;
- книжење на документи, изработка на фактури
- плаќање на обврски, составување на извештај за потребите на НО и УО
- изготвување на завршна пресметка

2. Административен работник

Услови:
- дипломиран правник
- добро познавање на законската регулатива во Република Македонија
- работно искуство од минимум 3 години

Заинтересирани кандидати своја пријава да ја достават на емаил адресата: info@komoranaprocenuvaci.mk или преку пошта на ул. Македонија бр. 47/2 Скопје. Огласот ќе трае до 30. 11. 2015 година. Само кандидатите што ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.