Психолошки трикови со кои луѓето може да влијаат на вас

Психолошки трикови со кои луѓето може да влијаат на вас

Подготвил: Драгана Петрушевска

Постојат доста начини да ги принудите луѓето да го направат она што го сакате, и тоа без тие да го забележат тоа. Без разлика дали сакате луѓето да ве сакаат, да се согласат со вас или да го купат вашиот производ, се чини дека постои решение за секој проблем, барем за експертите од „Бизнис инсајдер“. Тие поделија неколку совети кои секој може да ги искористи за да го добие посакуваното од останатите.


За почеток, се советува избор на соодветно место. Така, доколку имате намера да направите спогодба, одете во кафуле наместо во соба за конференции за партнерот да се чувствува помалку склон на агресија. Луѓето се посебични кога се во работна околина.

Начин за да добиете услуга е да направите услуга. Дадете некому нешто што му е потребно за да го добиете посакуваното.

Доколку сакате да се допаднете некому, имитирајте го нивното движење на суптилен начин. Тие веројатно нема ниту да го забележат тоа.

Кога некој не се согласува со вас, зборувајте побргу за тие да имаат помалку време за да го процесираат она што сте го кажале. Доколку тие се согласуваат, зборувајте поспоро.

Во случај кога сакате да продадете некому нешто, збунете ги со цифрите. Наместо да кажете дека продавате осум производи за 300 денари, кажете им дека тие чинат само 5 евра. Клиентот ќе биде невнимателен бидејќи ќе се фокусира на пресметувањето.

Во канцеларијата, доколку сакате вработените да се однесуваат етички коректно, ставете слики со очи во нивна близина.

Доколку сакате луѓето да го променат однесувањето, користете именки наместо глаголи. На пример: „Колку ти е битно да станеш уредник?“ наспроти „Колку ти е битно да те унапредам?“.

Конечно, додека преговарате, фокусирајте се на она што клиентот ќе го добие за тој/таа да се согласи, наместо на она што ќе го загуби.