Временска прогноза до крајот на неделата

Временска прогноза до крајот на неделата


 
Во среда Македонија ќе биде под влијание на циклонска активност од Медитеранот која што ќе услови облачно време со пообилни врнежи од дожд, ветровито и посвежо време. Локално се очекуваат да наврнат и до 35 литри дожд. Над 1700 метри со врнежи од снег. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 2 до 10 степени, додека пак максималните дневни до 6 односно до 15 степени.

Во Скопје во среда ќе биде облачно со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 7 степени, а максималната дневна ќе достигне до 11 степени.

Во четврток умерено облачно со кратки сончеви периоди. попладне продор на влажен бран од медитеранот кој во југозападните и јужните предели ќе услови врнежи од дожд, а во текот на ноќта ќе се прошират на целата територија. Над 1400 метри со врнежи од снег. Температурите од 6 до 15 степени.

Во петок облачно со врнежи од дожд и ветровито, а над 900 метри со врнежи од снег. Дневните температури од 3 до 12 степени.

Во сабота во утринските часови врнежите ќе престануваат, во текот на денот претежно облачно, а појава на сончеви периоди не очекуваат во недела.

Weather4all.com.mk