Легендарниот зен будистички наставник Тик Најт Хан ве учи како да љубите

Легендарниот зен будистички наставник Тик Најт Хан ве учи како да љубите

Подготвил: Тамара Гроздановски

„Да љубиш без да знаеш како да љубиш ја повредува личноста што ја сакаш“

 

зен


Што всушност значи љубовта? Ги имаме најубавите дефиниции; сме ја испитале целата психологија поврзана со љубовта и и ги извлековме сите наведени филозофски рамки; дури и измисливме математичка формула за љубовта.

А сепак, секој кој почувствувал, знае дека љубовта останува мистерија - можеби најголемата мистерија на човечкото искуство.

Задоволувањето на оваа мистерија со целото наше битие и постоење - покажувањето на нашата апсолутна јасност во намерата - е тоа е танцот на животот.

Токму на ова не` учи легендарниот виетнамски зен будистички монах, учител и активист за мир Тик Најт Хан. Во неговата колекција „How to love“ тој го искажува неговиот мудар увид за најсложениот и најпознатиот наградуван човечки потенцијал.

Во согласност со општата практика на будистичките учиња, Најт Хан дава јасност, употребувајќи го основниот јазик и метафората за да ги реши повеќето елементарни загрижености на душата. За да ги добие неговите учења, еден човек треба да се заложи да не подлегнува на западната патологија на цинизам, на сопствените недостатоци и механизмот за самозаштита со што отфрла се` што е искрено или наивно.

 

будизам


Во срцето на неговото учење стои идејата дека „разбирањето е другото име на љубовта“ - дека да сакаш значи да го разбереш некој целосно за неговото/нејзиното страдање. Разбирањето после се` е она што му е потребно секому. Хан користи интересна метафора за да го прикаже ова.

„Ако ставите една рака сол во чаша вода, водата станува неупотреблива, односно не може да се пие. Но, ако ставите сол во реката, луѓето се`уште ќе можат да ја користат водата за готвење, миење и пиење. Реката е огромна и има огромен капацитет да добива и да се трансформира. Кога нашите срца се мали, нашето разбирање и сочувство се ограничени и ние страдаме. Не можеме да ги прифатиме или толерираме другите и нивните недостатоци и бараме од нив да се променат. Но, кога нашите срца се прошируваат, тогаш воопшто не страдаме. Ние имаме доста разбирање и сочувство и можеме да ги сфатиме другите. Ги прифаќаме другите какви што се, и потоа тие имаат шанса за трансформација.“

Прашањето кое следи е: како да го прошириме нашето срце, кое започнува со обврската да разбере и да сведочи за нашето сопствено страдање. Кога ја храниме и поддржуваме нашата сопствена среќа, ние ја негуваме нашата способност да сакаме. Затоа да се љуби значи да се научи уметноста на негување на нашата среќа.

 

будизам


Разбирањето на нечија болка е најдобриот подарок кој можете да и` го подарите на друга личност. Разбирањето е другото име на љубовта. Ако не разбираш, тогаш не можеш да љубиш.

Бидејќи љубовта е научена „динамична интеракција“, ние ги формираме нашите шеми за разбирање и недоразбирање - рано во животот, преку осмоза и имитација, а подоцна и свесно создавање.

Ако родителите не се сакаа и не се разбираа едни со други, како тогаш ние ќе знаеме како изгледа љубовта?... Најскапоценото наследство што родителите можат да им го дадат на своите деца е сопствената среќа. Нашите родители може да ни остават пари, куќи и земја, но тие може да не се среќни луѓе. Ако имаме среќни родители, ние сме го добиле најбогатото наследство во светот.

Хан укажува на суштинската разлика меѓу занесот, кој го заменува разбирањето на другиот со фантазијата за тоа кој тој/таа може да биде за нас, и вистинската љубов.

„Често, ние се заљубување во другите не затоа што вистински љубиме и ги разбираме, туку за да си го одвлечеме вниманието од нашето страдање. Кога учиме да љубиме и да разбираме и кога имаме искрено сочувство за самите, тогаш можеме вистински да љубиме и да ја разбереме другата личност“.


Понекогаш се чувствуваме празно; чувствуваме вакуум, како нешто да недостасува. Многу е нејасно, но тоа чувство е доста лошо. Очекуваме и се надеваме на нешто многу подобро, дека ќе се чувствуваме помалку осамено и помалку празно. Желбата да се разбереме себеси и да го разбереме животот е голема жед. Ние сме подготвени да љубиме и да бидеме љубени. Понекогаш немаме време да се разбереме себеси, но сепак сме ја пронашле нашата љубов. Кога ќе сфатиме дека нашите надежи и очекувања не можат да бидат исполнети од таа личност, ние продолжуваме да се чувствуваме празно. Сакаме да пронајдеме нешто, но не знаеме што да бараме. Во секоја личност постои постојана желба и очекување; длабоко во себе, се`уште очекуваме дека ќе се случи нешто подобро. Токму затоа го проверуваме меилот многу пати во текот на денот.

Вистинската љубов е вкоренета во четири елементи според Хан - добрина, сочувство, радост и спокојство.

Во длабоката врска не постои граница меѓу вас и другата личност. Нејзиното страдање е и ваше страдање. Вашето разбирање за вашето страдање ви помага вашата сакана личност да страда помалку. Страдањето и среќата повеќе не се поединечна работа. Она што се случува со вашата сакана личност ви се случува и вас и обратно.

Во вистинската љубов, не постои одделување или дискриминација. Нејзината среќа е и ваша среќа. Нејзиното страдање е и ваше страдање. Повеќе не можете да кажете: „Тоа е ваш проблем“.

Кога сакате некој, мора да имате доверба. Љубовта без доверба се`уште не е љубов. Секако, напрво мора да имате доверба, почит и самодоверба во себеси. Верувајте дека имате добра и внимателна природа. Вие сте дел од универзумот; вие сте создадени од ѕвездите. Кога ќе ја погледнете саканата личност, гледте дека и таа е создадена од ѕвезди и во себе носи вечност.

Основниот механизам за остварување на ваквата доверба и почит е слушање - нешто толку често кое е величено од западните психолози, терапевти и мудреци такашто развивме посебен имунитет од неговото повторување.

Кога сакате некој треба да имате капацитет да му олеснете и да му помогнете помалку да страда. Ова е уметност. Ако не ги сфаќате корените на неговото/нејзиното страдање, не можете да си помогнете. Мора да ја разберете причината поради која вашата сакана личност трада со цел да му помогнете и да му олеснете.

Колку повеќе сфаќате, толку повеќе љубите; колку повеќе љубите толку повеќе сфаќате.