Претепани студентки на медицинскиот факултет?

Претепани студентки на медицинскиот факултет?



„Драги читатели, сограѓани и пријатели – не, нема претепани на медицинскиот факултет. Напротив, и за среќа, секој ден непречено го прошируваме своето знаење, за подобро утре и насмеани пациенти.

Пред да се налутите за насловот кој Ве доведе тука и да дадете негативен коментар поради „лажна тревога“, дозволете ни, како група на студенти да ја превземеме сета одговорност за тоа. И повторно, не лутете се и не замерувајте ни – затоа што сме опкружени и преплавени со лоши вести, секој ден, од секој дел на светот, па доколку денешниот наслов гласеше „Кампања за борба против насилството врз жената“ – најверојатно немаше да одвоите ни секунда од вашето Не - нема претепани кај нас на факултетот, но не е ли доволно загрижувачки фактот што денес, кога одевте по ул. Македонија секоја петта жена која помина покрај Вас е всушност жртва на насилство?"

Вака студентите од медицинскиот факултет ја објаснуваат својата кампања за борба против насилството врз жената, приклучувајќи се на останатите организации во Македонија под мотото #СтавиТочка, како и #orangetheworld - кампања поттикната од Обединетите Нации . Низ низа на креативни и впечатливи флаери со фотографии кои студентите денес попладне ќе ги делат на градскиот плоштад, пораката е јасна – решението на овој проблем зависи од секој од нас, од охрабрување и пријавување на надлежните органи и центрите за поддршка.

Да бидеме гласни! Покажи им на жените дека не се сами – придружи се на борбата. #СтавиТочка на насилството, засекогаш!

Фотографија: Далибор Јованов;
Шминка: Марија Спасовска;
Проект-координатор: Симона Николовска