Временска прогноза за денес и какво време да очекуваме за време на викендот?

Временска прогноза за денес и какво време да очекуваме за време на викендот?



Во Македонија во раните утрински часови врнежи од дожд се очекуваат во крајните западни, северни и источни предели. Во текот на денот ќе преобладува умерено облачно време со услови за повремени сончеви периоди. Во текот на ноќта четврток кон петок се очекуваа продор на нов влажен бран кој ќе донесе нови врнежи од дожд. Доумерен слаб ветер од променлив правец. Утринските температури од 2 до 10 степени, а максималните дневни од 5 до 16 степени.

Во Скопје во четврток ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Навечер со услови за слаб дожд. Утринската температура од 7 степени, а максималната дневна до 10 степени.

Во петок Македонија ќе биде зафатена од нов влажен бран кој ќе донесе пообилни врнежи од дожд и ветровито. Локално се очекуваат да наврнат и до 35 литри дожд особено во јужните и југозападните предели. Над 750 метри со врнежи од снег. Во сабота во утринските часови врнежите ќе престанат во текот на денот претежно облачно и дневни температури од 3 до 12. Во недела и понеделник умерено облачно со повремени сончеви периоди и ќе продолжи трендот на опаѓање на температурите. Утринските од -5 до 5 степени, а дневните од 2 до 11 степени.

Weather4all.com.mk