Народната банка на РМ објавува оглас за вработување на неопределено време, нето плата до 24.300,00 денари

Народната банка на РМ објавува оглас за вработување на неопределено време, нето плата до 24.300,00 денари

Врз основа на член 59 од Законот за Народната банка на Република Македонија, a согласно со член 14 став 1, член 22 став 1 точка 1, член 23 став 1 и член 60 од Законот за работните односи и членовите 6, 7, член 23 став 1 и член 30 од Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, Народната банка на Република Македонија распишува

O Г Л A C

за вработување на 1 извршител на работното место „самостоен аналитичар I степен" во Отсекот за планирање и контрола во Дирекцијата за финансии, сметководство и контрола во Народната банка на Република Македонија, на неопределено време

1. Покрај општите услови предвидени со Законот, кандидатите треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови: завршено факултет од областа на економските науки; да има познавање на англиски јазик и работа со компјутер; познавање на финансиското и сметководственото работење, планирање и контрола на трошоците; и да има најмалку 3 години работен стаж.

2. Кандидатите потребно е да достават: пријава, кратка биографија, диплома или уверение за завршено високо образование од областа на економските науки, доказ за познавање на англиски јазик и работа со компјутери и доказ за работен стаж од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Македонија.

3. Работното време, во работната недела, започнува помеѓу 8, 00 и 9, 00 часот, a завршува помеѓу 16, 00 и 17, 00 часот. 4. Со кандидатот кој ќе заснова работен однос ќе се склучи договор за вработување на неопределено време, со вршење на пробна работа во времетраење од 1 месец. Висината на основната (нето) плата на работникот ќе изнесува 24. 337, 00 денари.

5. Рокот за доставување на документите изнесува 5 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.

6. Изборот на работникот кој ќе заснова работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.

7. Ненавремената и некомплетна документација нема да биде разгледувана.

8. Пријавата е објавена на интернет страната на Народната банка на Република Македонија.

Пријавата со потребната документација да се достават до Архивата на Народната банка на Република Македонија, Бул. Кузман Јосифовски Питу" бр. 1 Скопје.