По четврти пат ќе се избираат најдобрите твитови, твитерџии и блогови

По четврти пат ќе се избираат најдобрите твитови, твитерџии и блогови



Започна четвртото издание на натпреварот кој ги соединува сите најдобри твитови и блогови од годината која изминува. Македонски Телеком веќе втора година по ред ја поддржува оваа манифестација охрабрувајќи ја оригиналната и слободна мисла која се создава на социјалните мрежи.

Гласањето е во тек, а номинациите се поделени во 26 категории. За нив ќе можат да гласаат сите кои имаат свој блог или твитер профил. Оние со најмногу гласови влегуваат во финале од каде понатаму ќе се одберат првонаградените. Линкот за гласање http://blogirame.mk/glasanje ќе биде отворен до 13 декември на полноќ, додека прогласувањето на победниците ќе се случи на официјален настан на 18 декември во МКЦ, кино Фросина.

„Идејата за натпреварот се роди од обидите за популаризирација на блоговите што е примарна цел на „Блогираме.мк“. Имајќи предвид дека и Твитер е платформа за микро блогирање сметавме дека натпреварот е супер начин да ги обединиме и да го направиме настанот поинтересен. За мене ова е одлична можност корисниците да добијат добро шоу и дружење, ние да го популаризираме сервисот, а компаниите можност да се претстават пред една млада и активна категорија на граѓани чиј глас сé повеќе се слуша.“ - изјави Јован Димитров еден од основачите на Блогираме.мк.

Македонски Телеком ги поддржува Твитер и блогираме наградите за да охрабри и поттикне уникатни и напредни идеи кои ќе креираат единствени моменти вредни за споделување.